Високи сметка за ел.енергија во зима

Високите сметки за време на зимскиот период се најчесто поврзани со начинот на кој го загревате вашиот дом.

Постојат многу различни типови на загревни системи, со различни извори на енергија и ниво на енергетска ефикасност. Централниот систем за загревање ја затоплува целата куќа или стан, додека греалките затоплуваат една до две простории кои најмногу се користат. Постојат многу можности во рамките на овие два типа на затоплување. Најдобриот начин за затоплување во конкретен случај зависи од специфичните околности и од вашите потреби.

Предности и недостатоци на топлинските пумпи!
Предности: Пониски трошоци споредбено со стандардните електрични системи за греење. Произведуваат 65% помалку емисии на стакленички гасови.
Недостатоци: Треба да се внимава со гасните загревачи без дотур на воздух бидејќи постои опасност да го загадат внатрешниот воздух во домот и предизвикаат негативни здравствени последици.

Предности и недостатоци на греење на дрва!
Предности: Огревното дрво е обновлив енергетски извор доколку одржливо се сече. Треба да се користи грејно тело со ниска емисивност/
Недостатоци: При согорувањето на дрвата, се ослободува токсичен чад.

Предности и недостатоци на електрично подно греење!
Предности: Вашите стапала секогаш ќе бидат загреани.

Недостатоци: Највисока стапка на емисија на стаклени гасови, кои се штетни за целата околина, споредено со останатите системи за греење. Инсталацијата на овој вид на греење, во зависност од материјалите кои се вградуваат може да бидат големи.
Совет + Подно греење се вградува во фазата пред ставање на кошулица.

Предности и недостатоци на преносни електрични греалки!
Предности: Евтини за набавка. Наменети за загревање на една просторија. Лесно преносливо, флексибилно.
Недостатоци: Работат на струја, трошат прилично многу, споредбено со топлината што ја оддаваат.

Секогаш пред и после грејната сезона потребно е да се исчистат филтрите на грејниот систем, за да се обезбеди постојана функционалност. Препорачливо е да се користат дигитални тајмери за да се обезбеди загревање на просторот кога тоа е потребно.

Совет+   За добро проектирана и изведена куќа или зграда, потребно е многу малку енергија за да се постигне постигне посакуваната топлина. Таа енергија може да биде обновлива или необновлива. Дури и кај постоечките домови постојат многу начини за намалување на сметките за енергија, да се зголеми комфорот и позитивно да се влијае на животната средина. Подобро е да се инвестира повеќе во енергетски ефикасна градба отколку да се троши енергија за загревање и разладување.

“Пасивни“ потрошувачи

Едно просечно домаќинство, од вкупната потрошувачка на енергија, троши на електронските уреди (10-12)%, во зависност од питата на распределба на целата потрошувачка според намена. Сите електронски уреди трошат енергија и кога се исклучени. Тоа е големо количество на енергија и истото ви ја покачува вашита месечна сметка.

Полнач за мобилен телефон
Многумина го оставаат полначот во штекер и откако ќе завршат со полнење. Така се чини попрактично, а и често сме мрзеливи да го извлечеме кабелот. Трошокот кој го прави самиот полнач не е голем, но постои.

Телевизор
Дали сте знаеле дека со стискање на копчето за исклучување на телевизорот всушност само го ставате во состојба на мирување. За жал, тоа е така – целосно можете да го исклучите само ако го извлечете кабелот од штекер. Инаку, телевизорот кој не работи, троши 24 вати на ден.

Компјутери и лаптопи
Дури и кога се исклучени, десктоп и преносните компјутери работат во позадина. Ако не сакате да ви „крадат“ 95 вати на ден, подорбо исклучувајте ги од штекер. Не треба да се истакнува дека, ако овие уреди ги држите на „stand by“ потрошувачката е уште поголема.

Уреди со мерач на време
Секој има барем еден таков во домаќинството. Микробранови печки, ДВД плеери… – сите тие го покажуваат времето додека се исклучени. На тој начин трошат дополнително 108 вати на ден. Како и се останато, единствено решение е целосно да им се запре дотокот на електрична енергија.

Партнери на проектот

Disclaimer

The information, documentation and figures in this deliverable are written by the TRAINEE project consortium under EC grant agreement 785005 and do not necessarily reflect the views of the European Commission. The European Commission is not liable for any use that may be made of the information contained herein.

All intellectual property rights are owned by TRAINEE consortium members and are protected by the applicable laws. Reproduction is not authorized without prior written agreement. The commercial use of any information contained in this document may require a license from the owner of that information.

This project has received funding from the European Union’s Horizon 2020 research and innovation programme under grant agreement No. 785005